(ВИДЕО) Џихадистите се пофалија со снимка од освојувањето на Кобане

Во битката за Кобане загинале 400 лица за три недели.

Џихадистите од Исламската држава објавиле видео во кое се гледа нивното освојување на Кобане, сирискиот град кој е на самата граница со Турција и чија опсада трае веќе неколку недели. На снимката се гледа како борците на ИСИЛ се движат со тенкови низ градот. 

Sky News пренсува дека турскиот претседател Рецеп Ердоган изјавил дека Кобане ќе падне во рацете на Исламската држава. Изјавил и дека, за да се победат Исламистите потребна е копнена офанзива, а не само воздушни напади со кои САД и сојузниците се обидуват да ги запрат. Исламистите сега за сега заземале дел од Кобане и со курдските сили се борат на секоја улица. 

Во битката за Кобане загинале 400 лица за три недели - Повеќе од 400 лица беа убиени во борбите помеѓу курдските сили и џихадистите на Исламската држава од започнувањето со офанзивата на 16-ти сепетмври во сирискиот пограничен град Кобане, соопштила во вторникот сириската невладина организација за човекови права. 

"Во борбата за Кобане загинале околу 20 цивили, 219 џихадисти и 173 курдски борци и нивни сојузници", соопштила сириската опсерваторија за човекови права која се потпира на воени и медицински извори и широка мрежа на информатори.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top