(ВИДЕО) Џиновска крава на фарма во Австралија

Во еден регион во Австралија се одгледуваат милиони единки говеда од разни видови..

Но, никогаш немало толку голема крава колку што има во моментов. Се вика Никерс и веднаш се разликува од останатата стока. Висока е речиси два метри – колку кошаркарски играч, а тежи безмалку еден и пол тон. 

Сопственикот се обидел да ја понуди на јавно наддавање за некој да ја купи за месо, но од кланиците во регионот никој не пројавува интерес за неа затоа што поради големината машините не можеле да ја обработат.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top