(ВИДЕО) „Една е мајка“ - нова песна на Елена Велевска

“Една е мајка” е најновото остварување на Елена Велевска..

-Ова е подарок за сите мајки вњели Велевска. Посебно изненадување направив за мојата мајка како роденденски подарок. Во знак на благодарност на личноста која што секогаш е до мене кога ми треба било каква поддршка во животот. Сакав да ја изненадам и да и подарам еден таков роденденски кој што досега и не го добила а го заслужува, истакна Елена, додавајќи дека сите мајки заслужуваат многу голема почит.

За оваа нумера, како што најави Елена а токму и во пресрет на 8ми март, ќе биде направен и видео запис за песната “Една е мајка”.

Рефренот за песната го направила Елена, додека пак за строфите бил вклучен и познатиот текстописец Орце Зафировски.

-Песната ја работев со Гоце Костовски Пејак, снимена е во Прилеп во “Про-саунд”студио кај Славко Ристески. Ова е едно освежување во мојата музичка кариера и ваков тип на песни навистина ми се потребни, бидејќи кога одам низ дијаспората секогаш сакаат песни поврзани со носталгијата која што ја чувствуваат врз своите родители кои се овде оставени, истакнува Елена.

Велевска се подготвува за Австралиска турнеја веднаш по Велигденските празници.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top