(ВИДЕО) Еколошки геноцид:Црн чад над Гостивар и автопатот од запалени гуми во нивите

Црн чад, остар и загушлив мирис ги отру денеска Гостивар и околината. На излезот од Гостивар , крај автопатот во блиска шумичка во една од нивите некој запалил,огромно количество стари гуми..

Чад од запалени гуми го прекри небото над Гостивар. 

Триесетина автобуски и камионски стари гуми биле запалени утринава на нива на излезот од Гостивар, а густиот чад предизвика револт кај граѓаните, кои реагираат на тешката миризба и загадувањето на воздухот. 

„Запалени гуми на нива на излез од Гостивар денеска. Ќе има казнет или стандардно ќе остане непознат сторител?“, прашуваат од Коалицијата О2, кои спеделија видео на „Фејсбук“.

На местото биле испатени полициски екипи, како и противпожарна единица. На терен биле повикани и инспекциски служби од Општина Гостивар за заштита на животната средина.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top