(ВИДЕО) Ексклузивно: Ѓоко Јовиќ ја пушти во етер „Стојне мома на чорбаџи Стојана“ - спотот е несекојдневен

Неодамна Ѓоко Јовиќ во соработка со ИН продукција реализираше уште еден видео запис. Станува збор за песната која носи наслов “Стојне мома на чорбаџи Стојана”..

Препознатливо за публиката е тоа што како статисти во самиот спот се појавуваат познатите Македонски актери од проектот „Македонски народни приказни“.

-Песната е баш Македонска, со Македонски манири. Мене навистина многу ми се допаѓа, кратко истакнува Ѓоко.

Во спотот се појавуваат и членовите од “Енерџи бенд”, кои се верни придружувачи на Ѓоко и кои обострано, во заедничка корелација бележат низа успеси на музичката сцена.

Она што е навистина интересно во целата приказна е тоа што автор на музиката е самиот Ѓоко Јовиќ.

Музиката е на Ѓоко Јовиќ, текстот на Александар Стевановски, додека пак, аранжманот е исто така на Ѓоко Јовиќ, заедно со Марко Дениќ. Снимена е во студио „Анастасија“ на Љупчо Павловски – Бубе.

Погледнете го спотот:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top