(ВИДЕО) Ексклузивно интервју со двајца Mакедонци кои со мотор го обиколија светот

Македонците Тони и Силвана заедно со мотор го обиколуваат светот.

Македонците Силвана и Тони се брачен пар и големи ентузијасти кои се решиле на едно невообичаено патување околу светот. 

Имено Силвана и Тони решиле да го обиколат светот со мотор. Тргнувајќи од Скопје стасаа дури до далечниот Мелбурн. 

Тие тргнале со цел и со однапред подготвен проект да ја промовираат Македонија низ светот. 

За жал Силвана и Тони се принудени да го запрат патувањето поради фактот што Министерството за култура на Република Македонија не одобрила да го финансира нивниот проект, а проте од спонзорите не се доволни за да продолжат понатаму. 

Сепак Силвана и Тони нивното патешествие го опишуваат како едно убаво искуство полно со пријатни и помалку непријатни случки.

Проследете го интервјуто со овие наши храбри луќе кое ние денес го направивме во Кинглајк, Викторија во кое што тие раскажуваат за ова нивно возбудливо патување.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top