(ВИДЕО) Експлодира астероид во близина на Земјата

Парче астероид што експлодира во близина на Земјата е на дното на едно од Големите езера во Северна Америка..

Астероидот летал кон нашата планета од правецот на Марс и влегол во атмосферата оставајќи зад себе огнена трага. Многу очевидци изјавиле дека виделе огнена топка на небото како минува половина милион милји пред да падне во езерото во вторникот вечерта, пренесува РТ.

Питер Браун, научник кој проучува метеори, тврди дека траекторијата на овој вселенски камен открива дека дошол од астероиден појас веднаш зад Марс.

Астрономот од Универзитетот во Западен Онтарио сподели снимка од опсерваторијата на Твитер, а може да се види како овој астероид го осветлува ноќното небо.

Дури и најмалите парчиња метеори блескаат затоа што се запалуваат кога влегуваат во атмосферата на нашата планета. Браун проценува дека ова парче е всушност дел од многу поголем метеор и смета дека е голема како топче за софтбол.

Американското метеоролошко друштво објави дека најмалку 20 луѓе го виделе овој астероид од разни локации на брегот на Северна Америка.

Засега нема информации дека астероидот наштетил на нечиј имот.

Обединетите нации стравуваат дека астероид во иднина би можел да ги погоди густо населените области на Земјата, па 30 јуни беше назначен за Меѓународен ден на астероидите за да се подигне свеста за таков потенцијално катастрофален настан.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top