(ВИДЕО): ЕУ го повикува Иванов да ја преиспита одлуката за мандатот

Европската комисија (ЕК) по кој знае кој пат ги повторува пораките до Македонија.

Европската  комисија  (ЕК) по кој знае кој пат ги повторува пораките до Македонија и очекува избор на нов претседател на Собранието и потоа формирање на нова реформска влада. Сето тоа мора брзо да се направи, беше пораката која Брисел им ја испрати на пратениците во Собранието и на претседателот Иванов.

«Ние гласно отворено зборуваме што очекуваме да се случи во земјата. Ние го следиме развојот на настаните и повторивме, во  повеќе наврати, дека мора да  се  почитуваат резултатите од последните парламентарни избори. Сегашната неизвесност да заврши и да се направи влада без одложување, базирана на парламентарното мнозинство кое постои. И високата  претставничка  и  комесарот  Хан  го  повикаа  претседателот  да  ја преиспита  неговата  позиција. Ние  сега  очекуваме  сите  политички  лидери  и  институции  да дозволат да продолжи демократскиот процес, а тука се подразбира и изборот на нов претседател на Собрание. Ние би сакале тоа да ги видиме без одложувања», рече портпаролката Маја Коцијанчич.

Европски извор за НОВА вели дека Македонија продолжува да го губи скапоценото време:

«Македонија под итно треба да почне со реформите запишани во извешајот на европскиот експерт Рајнхард Прибе а тоа не можно ако немате реформска влада. Почетокот на овие реформи ќе дозволи обвновување на засега практично замрзнатите односи со ЕУ», вели овој дипломат.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top