(ВИДЕО) Еуфорично - да грми: Песната со која Македонија ќе брка финале!

Репрезентацијата на Македонија утревечер од 20:45, ќе го одигра историскиот меч против селекцијата на Косово, во рамки на полуфиналето во Лигата на нации, преку кое можеме да се пласираме на ЕП следната година..

Еуфорија и позитивен набој постои, а на потег се репрезентативците на Македонија, кои најавија максимално залагање и труд против Косово, за остварување на големата цел – прво пласман во финалето, а потоа и можен пласман на ЕП.

Како што најави и селекторот Ангеловски, момците се подготвени да дадат се од себе за победа, а тоа го најавуваат со нова песна во режија на музичката група Некст Тајм.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top