(ВИДЕО) Еве како помина последното соочување на Пендаровски, Сиљановска-Давкова и Река во пресрет на изборите во недела

Вечерва ТВ21 ја организираше последната претседателска дебата помеѓу кандидатите кои во недела ќе се борат за функцијата претседател на државата..

Кандидатот на владеачките партии Стево Пендаровски, кандидатката на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова и кандидатот на Алијанса за Албанците и Движењето Беса, Блерим Река, за последен пат во пресрет на актуелниот предизборен молк ги соочија аргументите во дебата на ТВ21.

Блерим Река ги пофали своите противници за нивната фер кампања и дебати кои што ги имале во пресрет на првиот круг од изборите, додека пак Пендаровски одговори дека не пиел кафе со своите против-кандидати поради густата предизборна агенда, иако нагласи дека посебно со господинот Блерим, пиел многу кафиња и ќе пиел и во иднина.

Иако кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се пожалија дека сепак имало валкана кампања од двете страни, а Сиљановска-Давкова дури и откри дека го следеле нејзиното семејство и „ја испратиле во Бардовци“, на крајот тројцата кандидати за претседател на државата се согласија во една работа – дека не смее да има помилување за обвинетите од настаните на 27-ми април.

Целата дебата на кандидатите за претседател на Македонија можете да ја погледнете на видеото подолу.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top