(ВИДЕО) Фантастичната „Ти си моја жена“ на Ѓоко Јовиќ конечно достапна

Неодамна Ѓоко Јовиќ на фановите и обожавателите со кратко видео директно од Белград им најави нова песна во етерот, наменета за балканскиот пазар..

Имено, пред краток период, директно од Белград Ѓоко Јовиќ и хит-мејкерот во Србија Бане Опачиќ со краток сегмент од новата песна преку видео врска испратија поздрав до сите кои ја следат кариерата на Ѓоко.

Песната веднаш ја освои публиката, па поради тоа со нетрпение го очекуваа крајниот проект, притоа постојано прашувајќи кога ќе биде објавена истата.

-Им се извинувам на сите кои што со душа ја чекаа премиерата за песната. Можеби малку ја пролонгирав самата промоција бидејќи така налагаа обврските кои ги имав заедно со мојот бенд на музички план. Сега песната е достапна и се што сакам е, да ги стоплам срцата на оние кои ме следат со оваа преубава песна, која во себе крие уште поубава приказна. Музиката и текстот се ремек-дело на познатиот Бане Опачиќ, а самата тематика ме натера да се вложам и целосно да се внесам во самата песна при снимањето, што сметам дека публиката и ќе знае да го препознае по самото слушање, изјави Ѓоко Јовиќ за порталот Дневно.мк.

Во продолжение слушнете ја песната:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top