(ВИДЕО) Гаф на Јункер: Бев во Македонија, ФИРОМ, Скопје

Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер денеска се сретна со македонскиот премиер Зоран Заев, по што одржаа заедничка прес-конференција..

Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата Јункер кажа дека вратата за членство во ЕУ е отворена за земјите од Западен Балкан, а притоа го искористи уставното име на Македонија.

По тоа следуваше брзо поправање и на сугестија на еврокомесарот Хан се поправи дека наместо во Македонија, бил во Скопје. Реакцијата на Јункер беше причина за смеа кај премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Јоханес Хан.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top