(ВИДЕО) Ѓорчев: Ако обвинителот не се избира на предлог од опозицијата, не го прифаќаме саконот

За опозицијата, неприфатлив е новиот закон за Јавното обвинителство доколку таа не го предлага првиот човек на Обвинителството, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, во интервју за „Макфакс“..

На прашањето дали на овој начин партијата сака да не се донесе ваков закон, со оглед на фактот што повеќето од постапките се водат против поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорчев не беше дециден. Обвини дека судството и Обвинителството се политизирани и како такви не ќе решеле ниту еден од скандалите и криминалите на актуелната власт.

„Тие сакаат да зборуваат за ланскиот снег. Да, точно е дека има постапки против функционери на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 4 години, но што е со она што се случува денес, што ќе се случува утре. Се соочуваме со огромни пропусти, неказнивост на актуелните функционери на СДСМ, кои буквално напаѓаат луѓе на улица. Пред еден ден имавме случај кога пратеник на СДСМ во Гостивар физички нападна човек на улица, и тоа пред очите на неговата малолетна ќерка. Значи, имаме еден систем што ги штити своите, а води хајка против неистомислениците, а токму тие велеа дека правдата ќе важи за сите“, рече пратеникот Ѓорчев.

Целото интерву може да го погледнете ТУКА.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top