(ВИДЕО) Голем пожар во фабрика во Томастеон, Мелбурн

Против пожарот се бореа над 100 пожарникари.

Денес во 1:30 часот попладне избувна голем пожар во фабрика во Томастеон во северниот дел од Мелбурн на улицата „Settlement Road“.

На местото на настанот имаше повеќе од 100 пожарникари со 16 пожарникарски камиони, како и еден хеликоптер.

Брзата помош потврдија дека болничарите биле повикани на местото и маж во 40-тите години бил однесен во болницата „Alfred Hospital“. Тој е во стабилна состојба со повреди на горниот дел од телото.

Причината за пожарот сеуште не е позната

Погледнете го видеото од настанот: 



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top