(ВИДЕО) Голема бела ајкула ја гризнала камерата на истражувач

Грег Скомал, истражувач на ајкули во Одделот за море и риболов на Масачусетс, се нашол во невообичаена ситуација со голема бела ајкула..

„Камерата ја имав поставено во водата, ајкулата пливаше и си мислев: 'Ќе добијам прекрасен поглед кон лицето на ајкулата и тоа ќе ни помогне да ја идентификуваме'“, изјави Скомал за Њу Ингланд кејбл њуз. „Таа продолжи да доаѓа, а потоа ја отвори устата и загриза.“

Видеото покажува како ајкулата ја зграпчува камерата со уста, давајќи уникатен - и ужасен поглед кон внатрешноста на устата на големата бела ајкула и нејзините остри заби.

Откако гризнува еднаш, ајкулата врти круг спремајќи се да гризне уште еднаш, покажувајќи ги белите заби пред камерата.

Скомал имал многу блиски средби со ајкули, но ова е првпат некоја да му ја гризнала опремата.

„Ова е нов начин на однесување“, рече тој. „Се надевам дека ја знаеме оваа ајкула. Би сакал да знам какво е однесувањето на ова животно.“

Според Скомал, ајкулата веројатно гризнала за да открие што е камерата, а намерата не ѝ била да нападне.

Извор/ МКД.МК


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top