(ВИДЕО) Голема гужва пред Центарот за Социјални Грижи (Centrelink) во Мелбурн

Голем број на луѓе во Мелбурн останаа без работа поради Коронавирусот, па се обраќаат до државата за помош.

Денес во Мелбурн можеше да се забалежи голем редици на клиенти кои чекаа пред вратите во центарите за социјални грижи.

Ова е показател дека голем број на луѓе во Мелбурн ги изгубија своите работни места поради коронавирусот, па се обраќаат до државата за помош.

Од Министерството за Социјални Грижи соопштија дека апликацијата може да се пополни и онлајн, меѓутоа нивниот веб-сајт и мобилна апликација не функционираат најверојатно поради големиот број на посети.

Ваквите гужви од испаничени луѓе е уште една причина за зголемување на бројот на заболени од COVID19.

Погледнете го видеото од гужвата пред „Centrelink“ во Епинг, Мелбурн во раните утрински часови:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top