(ВИДЕО) Големиот Македонски Пикник „Гравчето“ по повод „Св. Климент Охридски“ во Кинглејк 2019

Големиот традиционален пикник „Гравчето“ и оваа година со масовна посетеност..

И оваа година традиционално се одржа големиот македонски пикник „Гравчето“, во организација на Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија.

Утрото во манастирот „Св. Климент Охридски“ имаше утринска богослужба на која чиноначалствуваше Архимандритот Гаврил Галев, а потоа сите гости на пикникот имаа чест да вкусат од вкусното манастирско гравче кое традиционално секоја година се подготвува и сервира на тој ден.

На денот говор одржаа претседателот на Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија, г-дин Мирчо Ангеловски, како и Архимандритот Гаврил Галев.

Присутните на пикникот ги забавуваше групата „Македонија“ на Никола Ставрески со естрадните уметници Горге Атанасов, Рубин Христоски и Климе Ангелоски, а на кларинет свиреше Николас Стојчевски.

Посетителите уживаа во прекрасната македонска музика и убавото време.

Сензација на денот беше 92-годишната Славка, која и на овие години докажа дека сеуште има сила да ја негува својата култура, порачувајќи оро и повикувајќи ги сите присутни заедно да го изиграат Македонското оро. Секоја чест за баба Славка!

Погледнете го видеото од настанот:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top