(ВИДЕО) Гори кулата на Светскиот трговски центар во Брисел

Попладнево избувна пожар во техничките простории на 27-миот кат од кулата на Светскиот трговски центар (WTC) во Брисел..

Противпожарната бригада на Антверпен е на самото место. Густиот црн чад што се издига е видлив од далеку. Командантот на противпожарната бригада на Антверпен, Берт Бругманс изјави дека станува збор за „многу сериозен“ пожар.

Пожарот избувнал на 27-миот кат на кулата. Никој, за среќа, не е повреден.

Кулата во моментов не е во употреба, бидејќи се реновира, а во моментот на пожарот во ена биле присутни само неколку работници, кои успеале навреме да се евакуираат.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top