(ВИДЕО) Гори зградата на Владата во Тирана

Нови протести во Албанија и нови инциденти. Демонстрантите фрлаа со молотови кокнтели кон зградата на владата и го запалија влезот. 

Противпожарните служби се обидуваат да го изнаснат огнот, а полицијата да ги спречи демонстрантите да ја пробијат заштитната ограда и да влезат во зградата. Обединетата албанска опозиција денеска попладне ќе го одржи, како што го нарекува, четвртиот народен протест пред Владата во Тирана. 

Протстот почна во 18 часот и 30 минути, а информациите од двете најголеми партии во обединетата опозиција, Демократската на Љуљзим Баша  и Социјалистичкото движење за интеграција  на Моника Круемади, протестот е најмасовен досега. 

И на денешнот протест опозицијата ги повтори веќе познатите барања, заминување на премиерот Еди Рама и формирање техничка влада, која ќе спроведе фер и демократски избори.

За безбедноста ангажрани ќе бидат повеќе од 1.200 полициски службеници од сите сектори кои се распоредени главно пред Владата, но и други значајни институции.   Вчера, ден пред протестот, како и претходните, Амбасадата на САД во Тирана, упати апел за воздржаност и искористување на демократското право на мирен протест. 

Од февруари, кога почнаа до сега одржани се девет протести, од нив шест пред Парламентот, додека три, пред Владата. 

Претходните протести минаа во насилство, пробиени полициски кордони, многу чадни бомби и тврди предмети фрлани врз полицијата, солзавец и водени топови како одговор на тоа, повреденинајмногу полицајци, оштетени трговски објекти, возила и приведени лица.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top