(ВИДЕО) Груевски ја напишал оставката на унгарски па ја испратил до Собранието

Поранешниот премиер и политички азилант во Унгарија, Никола Груевски своерачно ја потпишал оставката од пратеничката функција на унгарски јазик и така заверена на нотар во Будимпешта ја испратил до Собранието на Република Северна Македонија..

„Оставката е примена на 5 јуни со нотарски акт и со соодветни печати со кои се потврдува дека станува збор за лична изјава на Груевски.Испратена е на превод од унгарски јазик и кога ќе биде преведена ќе биде доставена до пратениците“, изјави за МИА, претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според најавата на Џафери, оставката ќе биде разгледана во понеделник на координација на пратеничките групи кои доколку одлучат да ја прифатат оставката на Груевски таа ќе се најде на дневен ред на 102. седница на Собранието закажана во вторник на 11 јуни. Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања со пет гласа „за“ и ниту еден против и без воздржани на крајот на минатиот месец донесе одлука со која му предлага на Собранието да му биде оземен мандатот на Груевски. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа по предлог-одлуката. Причина за барањето за одземање на мандатот е поради шестмесечно отсуство на Груевски од работата на Собранието.  Претходно Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седница одлучи да се следат Уставот и законите при одлучувањето за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски.

За да му биде одземен мандатот на Груевски потребно е да гласаат 80 од 120 пратеници во Собранието.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top