(ВИДЕО) ГРУЕВСКИ НА МЕТА: Унгарците го „демнат“ на сите страни

На шопинг во трговски центар. Да, токму таму е снимен последен пат екс премиерот Никола Груевски кој избега во Унгарија и сега во Будимпешта ужива политички азил..

Унгарските медиуми го “држат“ под будно око и го демнат на сите страни.

Со украсна ташничка за подарок низ трговски центар во Будимпешта е уловен вчера Никола Груевски.

Бегалецот доби азил во брза постапка од пријател Виктор Орбан а често им се обраќа на Македонците преку Фејсбук.

Вчера пак се дозна дека Груевски ја повлекол тужбата за клевета и навреда против актуелниот премиер Зоран Заев,а која се однесува на негова изјава за случајот со продажбата на „Македонска банка“.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top