(ВИДЕО) Груевски: Oд 8 дена, 6 сум во суд

„Се врши политички прогон против мене“, рече Груевски.

Експремиерот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за денешното судско рочиште за случајот „ТНТ“, во кој е обвинет за уривањето на „Космос“, поради политичка одмазда, изјави дека пречесто е во суд. „Од 8 дена, 6 сум на суд“, изјави Груевски. Тој тврди дека судиите намерно ги забрзуваат рочиштата за предметите што ги застапува Специјалното јавно обвинителство за сметка, на како што рече, редовните предмети. Макфакс

„Се врши политички прогон против мене“, рече Груевски и повтори уште еднаш дека за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, судења се закажуваат многу ретко, односно еднаш или двапати месечно, и траат многу кратко. „Судот е под политички притисок“, рече Груевски. „Наместо да гледаат што се случува во државата, треба да се занимаваат што кажал Миле, Петко, Јанко“, изјави Груевски.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top