(ВИДЕО) Груевски повикан во СЈО за необјавени бомби, на повидок нов случај

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска беше повикан на распит во Специјалното јавно обвинителство, за како што рече обвинителката Катица Јанева, предистражна постапка во финансиска истрага поврзана со електрична енергија..

По распитот, Груевски зеде десетина минути пауза близу објектот на СЈО, по што се врати да даде изјава пред медиумите.

Во меѓувреме, Јанева во изјава информираше дека бидејќи се работи за предистражна постапка за нов случај, сите повикани се во својство на сведоци.

„Груевски беше повикан во својство на сведок за финансиска истрага што се води во СЈО. Предметот е во предистражна постапка за земена провизија за струја“, изјави Јанева, дополнувајќи дека предистражната постапка е отворена врз основа на два телефонски разговори меѓу две лица, кои досега не се објавени во јавноста.

За Груевски пак, неговото сведоштво пред обвинителите од СЈО денеска, претставува малтретирање на граѓаните, и сценарио за тој да се појавувал пред медиумите.

„Денеска бев повикан како сведок во една нивна предистражна постапка. Им реков дека ова што го работат е незаконски, дека мандатот им е истечен и дека ова е малтретирање на граѓаните во услови кога не можат да поднесуваат обвиненија. Но за да не излезе дека сум одбегнувал да дојдам, дојдов, им го кажав тоа што го кажав и одговорив на неколку прашања. Целта на ова е наместо да се зборува за промената на името, за незголемувањето на платата на лекарите, за двојазичноста, да се зборува за тоа дека сум бил повикан во СЈО. Се е ова политички, јас сум работел законски, и ова е политички за да се оттргне внимание и на некој начин да се замајува јавноста“, рече Груевски и додаде дека не може да зборува за предистражната постапка.

Околу „бомбите“, тој рече дека прислушуваните разговори како докази во судските постапки на СЈО не може да се употребуваат како докази според Законот за кривична постапка.

Според него, незаконски прибавени материјали не можат да бидат доказ во суд ниту од нив да се изведуваат други докази.

Јанева воедно информираше и дека е задоволна од пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“ во кој во раздвоена кривична постапка за едно лице, врз основа на признание на вина, на обвинетиот му е изречена алтернативана мерка-условна осуда за кривичното дело „Помагање на сторител во извршено кривично дело“.

Во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, кои се споени во еден обвинителен акт, првообвинети се поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнвање (УБК), Сашо Мијалков, ексначалникот на петтата управа, Горан Грујовски, поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, и уште десетина лица.

За Грујевски и Мијалков таа очекува дека ќе добијат највисока казна од судот.

Нова


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top