(ВИДЕО) Хаос во Будимпешта, се судрија полицијата и демонстрантите

Неколку илјади антивладини демонстранти синоќа се судрија со полицијата пред зградата на парламентот во Будимпешта. Полицијата употреби солзавец за да ги разбие..

Демонстрантите прво поминуваа низ центарот на Будимпешта, а потоа се вратија на плоштадот Кошут. И покрај повиците протестот да остане мирен, почнаа да фрлаат со шишиња и запаливи бомби кон полицијата, која употреби солзавец за да го обезбеди парламентот.

Протестот беше организиран поради неодамнешните измени на Законот за работа, за кој синдикатите и опозицијата тврдат дека ќе им наштети на работниците.

Помеѓу демонстрантите имаше голем број студенти, кои исто така протестираат за затворањето на Централниот европски универзитетот, основан од Џорџ Сорос.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top