(ВИДЕО) Хит на интернет: Жена упорно се обидува да му стави бензин на автомобилот „Тесла“

Една жена стана хит на социјалните мрежи кога се појави видео на кое таа упорно се обидува да стави бензин во автомобилот „тесла“..

Кога сфаќа дека не може да стави бензин, таа го враќа цревото назад, оди во автомобилот и го отвора багажникот. Потоа се потпира на возилото и почнува да се јавува на телефон.

Видеото предизвика смеа поради обидот на збунетата жена да го наполни со гориво електричниот автомобил. Таа надводно била застаната на бензинска пумпа во САД кога било снимено видеото од кое се гледа дека таа се обидува да му стави бензин на автомобилот „тесла модел С“.

Кога сфатила дека нешто не е во ред, тој го вратила цревото назад, влегла во автомобилот и го отворила и го затворила багажникот. Таа потоа се потпрела на возилото и почнала да се јавува. Во тој момент ѝ пришол еден случаен минувач кој, најверојатно, и објаснил дека електричното возило не може да се полни со гориво.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top