(ВИДЕО) Хорор почеток на Мото ГП викендот во Италија: Страшен пад со брзина од повеќе од 300 км/час

Стартот на Мото ГП викендот во Италија и првите тестови вчера минаа во сенка на страшниот инцидент кој се случи на патеката..

Тест возачот на Дукати, Микеле Пири имаше ужасен инцидент откако со брзина од 355 километри на час во правецот пред звиокот загуби контрола над својот мотоцикл и полета во воздухот.

Експресно беше покажано црвено знаме, а италијанскиот возач беше итно пренесен во болница. Според првите информации од клиничкиот центар за среќа Пири минал без посериозни животозагрозувачки повреди.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top