(ВИДЕО) Хорор во Јапонија: Возило влета во група деца, две мртви, десетина повредени

Две деца загинаа, а десетина се повредени, откако автомобил утрово влетал во група деца од градинка во западна Јапонија, соопштила полицијата..

Несреќата се случила откако автомобилот удрил во патничко возило на раскрсницата, а потоа отишол на тротоарот, каде деца на возраст од две до три години стоеле на семафор заедно со нивните воспитувачи.

Двегодишни момче и девојче го изгубиле животот, а уште две деца се во критична состојба.

Возачите, две жени на возраст од 62 и 52 години, биле уапсени по трагедијата.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top