(ВИДЕО) Христос се роди - Божик во „Св. Георгиј и Пресвета Богородица“- Мелбурн 2020

Христовото Рождение свечено прославено во Македонските Православни Храмовски во Австралија.

Божик е најрадосен христијански празник.

Бидејќи на овој ден, според христијанската вера се роди Божјиот Син, Исус Христос – Спасителот на светот, Божик е празникот на раѓањето на нов живот, празник на децата и на детството, родителството и создавањето.

Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден.

Црквите кои го користат Грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември.

Црквите кои го користат Јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божик на 7 јануари.

Македонските Православни Храмови ширум Австралија беа претесни да ги примат сите верници по повод големиот Христијански празник Божик.

Црквата „“Св. Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн беше преполна со верници кои дојдоа на свечен начин да го прослават Божик.

Денес на Богослужбата Началствуваше Парохискиот Свештеник отец Климент Станковски.





Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top