(ВИДЕО) Христос Воскресе! Велигден - Сиднеј 2017

Христос Воскресе!.

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургиии.

Синоќа на полноќ во сите Храмови на Македонскта Православна Црква ширум Австралија беше објавено Воскресението на спасителот Исус Христос.

Црквата Св. Петка воРокдејл, Сиднеј вчера вечер беше преполна со Македонски верници кои дојдоа да го прослават Воскресението Христово.

Велигденското послание беше прочитано од Игуменот Гаврил, а истото беше испратено од Неговото Блаженство г.гСтефан и Митрополитот Австралиско - сиднејски г.Тимотеј.

Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.

Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христови ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото предание.

Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение.

Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе!

Проследете го видеото од Св. Петка воРокдејл, Сиднеј.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top