(ВИДЕО) Христово Воскресение - Мелбурн 2018

Достојно одбележано Христовото Воскресение во Мелбурн.

Православните верници го слават најголемиот христијански празник Велигден - Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. 

Македонските Православни Храмови насекаде низ Австралија традиционално како секоја така и оваа година беа преполни што е уште еден факт дека Македонците си ја сакаат својата вера Христова.

Така беше и во Македонскиот Православен Храм „Успение на Пресвета Богородица“ каде на службата началствуваше Протоереј-Ставрофор Ефтим Бетински.

Се прочита Велигденското послание на Светиот Архирејски Синод на чело со Архиепископот - Неговото Блаженство г.г.Стефан.

Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.

Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христови ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото предание.

Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение.

Христос Воскресна! За многу години!



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top