(Видео и Фотографии): Хемиско - биохемиската лабораторија во Битола доби нова опрема

Владата и Министерството за образование и наука, со средства во вредност од 28,3 милиони денари, обезбедија четири нови инструменти со мултипликативен карактер кои ќе бидат составен дел на постоечката хемиско – биохемиска лабораторија..

Денеска во Битола, претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и министерот за образование и наука Спиро Ристовски ја пуштија во употреба новата лабораториска опрема, сместена во Клиничката болница, како дел од апаратурата на Високата медицинска школа при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Владата и Министерството за образование и наука, со средства во вредност од 28,3 милиони денари, обезбедија четири нови инструменти со мултипликативен карактер кои ќе бидат составен дел на постоечката хемиско – биохемиска лабораторија.

Новата опрема во лабораторијата на Високата медицинска школа – Битола ќе се користи за научни цели, но и ќе се стави на располагање на стопанството и приватниот сектор каде заинтересираните субјекти ќе може да вршат истражувања за нивното работење.

Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола Златко Жоглев и директорката на Високата медицинска школа – Битола, Стојна Ристевска информираа дека новата лабораторија има можности за практична примена во повеќе сфери, односно во агрокултурата, екологијата, фармацијата и современата медицина. Со новата опрема ќе се овозможи хемиска и биохемиска анализа на смеси и соединенија како крв во медицината, земја и воздух кои се значајни за прехранбената индустрија, додека во сферата на екологијата овозможува анализа на воздухот и мерење на степенот на загаденоста.

„Со новата опрема и вашата стручна оспособеност ќе можете да излезете во пресрет на потребите на студентите, но и на бизнисот. Приватнот сектор има потреба од овој тип услуги, за да не трошат средства во странство и затоа час поскоро треба да ги афирмирате овие придобивки и можности на новата хемиско - биохемиска лабораторија“ - му предочи премиерот Груевски на менаџментот на Високата медицинска школа во Битола

За време на денешната промоција беше истакнато дека со ваквите инвестиции се подобрува квалитетот на образовниот процес, но воедно истите се користат за потребите на приватниот сектор излегувајќи во пресрет на нивните потреби. Опремата е дел од инвестициите на Министерството за образование и наука за техничко и инфраструктурно опремување на високообразовни и јавни установи низ државата и во таа смисла Владата и во иднина ќе продолжи со својата темелна заложба за развој и инвестиции во нова опрема за образовни и научни цели.


Повеке фотографии погледнете во галеријата


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top