(ВИДЕО) Ибрахимовиќ стрелаше во својот прв меч за Милан

Како што е познато Златан Ибрахимовиќ одлучи да се врати во Италија и да потпише за Милан каде денеска го одигра својот прв меч по враќањето во старата средина и тоа против составот на Роденсе..

„Црвено-црните“ сосема очекувано славеа убедливо со 9-0, а Златан го одигра првото полувреме кое заврши со 5-0 со тоа што Ибра беше автор на еден од головите. Во тој прв дел заедно со Ибра настапија Донарума, Калабрија, Мусачио, Ромањоли, Ернандез, Пакета, Бенасер, Бонавентура, Чалханоглу и Сусо.

Во вторите 45 минути играа Реина, Конти, Габија, Калдара, Оди, Кеси, Малдини, Кастилјехо, Пјатек, Леао и Брешанини.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top