(ВИДЕО) Илинденска прослава во Мелбурн 2018

Во организација на Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија на Денот на Републиката се одбележа пред споменикот на Гоце Делчев во дворот на црквата "Свети Ѓорѓи и Пресвета Богородица" во Мелбурн..

Во својот говор Мирчо Ангеловски претседател на  Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија порача дека Македонците од Австралија се обединети и единствени во одбрана на името и идентитетот на Македонската нација.

На прославата присуствуваа и претставници од политичкиот живот во Викторија кои во своите говори зборуваа за значењето и придонесот на македонската заедница во Австралија.

Комеморација за загинатите револуционери и борци за слобода на  Македонија одржа Архимандрит Гаврил во сослужение со отец Ефтм Бетински.

Во дел од говорот на прославата на Денот на Републиката 2 Август Мирчо Ангеловски од МПОМВ потенцира дека Македонците во Австралија се обединети и единствени во одбрана на името Македонија и идентитетот и упати неколку пораки.

На свеченоста емотивно обраќање имаше и Г-ѓа Inga Peulich министерка во сенка за мултикултурни работи во Викторија, исто како и Bronwyn Halfpenny од Викториската влада за Томастаун на Илинденската прослава.

Присутните на прославата ги забавуваше Стела Бенд.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top