(ВИДЕО) Илјадници се евакуираат пред вулканската ерупција во Гватемала

Речиси 4.000 луѓе се евакуирани од местата во близина на вулканот Фуего во Гватемала..

Луѓето се засолниле на спортскиот стадион каде што властите подигнаа шатори.

Вулканот Фуего , југозападно од градот Антигва почна да избувнува вчера, со пепел и лава од кратерот, петти пат оваа година.

Оваа ерупција се случува по пет месеци откако речиси 200 луѓе беа затрупани од вулканска пепел и кал за време на најсилната ерупција во јуни. Оваа ерупција создаде пирокластични токови – реки од мешавина на многу топол гас и вулканска материја - кои се спуштаа по падините, зафаќајќи ги заедниците  како Ел Родео и Сан Мигел Лос Лотс.

Облакот од пепел надминува височина од 1 км над 3,763 метри високиот вулкан.

Фуего е еден од најактивните вулкани во Јужна Америка.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top