(ВИДЕО) Илон Маск го почна најголемиот подвиг во историјата на човештвото

Бизнисменот и истражувач , Илон Маск најави дека наредните месеци ќе почне со тестирање на прототипот на својата ракета Starship со која планира да носи луѓе на Марс и на Месечината, како и за супербрзо патување од континент на континент на Земјата..

Доколку сè што , му тргне од рака, тоа сигурно ќе биде едно од најголемите подвизи во историјата на човештвото - луѓето ќе станат жители на повеќе планети за релативно кратко време.

Публиката се собра во одделот на компанијата што го изгради прототипот Мк1, во Бока Чика, Тексас, каде Маск најави дека ќе почне пробни летови на големи височини за еден или два месеца и дека луѓето со понапредни модели ќе почнат да патуваат на Марс и Месечината за една година до две.

Стоејќи пред Mk1, на 11-годишнината од првиот успешен лет на Falcon 1, првата ракета на Спејс Х, која ја достигна орбитата, тој најави:

„Ова ќе полета, ќе прелета до 65.000 стапки височина, околу 20 километри. Значи, ова е огромна работа, ќе биде навистина епски да ја видите како полетува и ќе се врати“, рече Маск.

По Mk1, кој има три моќни мотори Raptor, ќе започнат понапредните верзии ,Mk2, Mk3, Mk4, Mk5, итн. со повеќе мотори. Интересно е што Маск воведе некаква конкуренција меѓу тимовите што ќе ги развиваат проектите во два објекта на компанијата – во Тексас и Флорида.

Mk2 веќе се гради во Кејп Канаверал, Флорида, додека Mk3 ќе започне со изградба во Бока Чика следниот месец, во кој беше изграден и Mk1. Работата на Mk4 ќе започне наскоро по тоа. Маск објасни дека по орбиталниот тест лет, орбиталниот лет на Мк1 ќе може да го пренесува Мк3 со комплетен погон Super Heavy  на течен метан и кислород уште во следната година.

"Можеби звучи целосно лудо, но мислам дека сакаме да се обидеме да ја достигнеме орбитата за помалку од шест месеци. Ако подобрувањето на дизајнот и подобрувањето на производството продолжат експоненцијално, мислам дека проценката е точна со точност од неколку месеци", рече тој.

За сите тест летови, вклучувајќи го и првиот орбитален, SpaceX ќе треба да произведе 100 мотори Raptor. Доколку сака да го исполни постојниот план за лансирање на едно пробно лансирање секој месец, ќе треба да го забрза нивното производство. Во моментов, компанијата произведува по еден мотор на секои осум дена, а идејата е дека, на крајот, благодарение на конкуренцијата помеѓу тимовите, ќе се произведува по еден мотор секој ден.

И двата дела на идната ракета, кои ќе бидат високи 118 метри заедно, се дизајнирани да бидат спуштени и повторно користени. Заедно, тие ќе тежат повеќе од 4.000 тони, далеку повеќе од 2.300 тони што досега ги имала најголемата ракета Сатурн, што ги однесе луѓето на Месечината.

Плановите на Маск, сепак, треба да бидат земени со претпазливост, бидејќи тој е познат по бомбастичните најави за големи достигнувања во фантастично кратки термини, кои дури и го именуваа како „Време на Илон“. Од друга страна, тој не може да негира дека ги постигнал повеќето свои фасцинантни, визионерски проекти, како што е создавање ракета за еднократно користење.

Starship , со тежина од околу три милиони тони, треба да има дури 37 мотори „Raptor“ и потисок сличен на 42.000 млазни авиони - тоа ќе биде најмоќната ракета во историјата. Треба да може да носи 100 луѓе и огромен карго од околу 100 тони до Месечината, Марс или уште подалеку во Сончевиот систем. Кога ќе достигнат орбита, тие ќе можат да ги наполнат своите резервоари со помош на танкер авион за да го продолжат патувањето. Оттаму, тие ќе можат да патуваат до нивните крајни дестинации, бидејќи нема да мора да ја совладаат гравитацијата на Земјата. На дестинациите ќе можат да се полнат со метан за да се вратат назад . Така барем објавува Маск.

Првиот патник на Маск ќе биде јапонскиот милијардер Јусуку Маезава, кој планира да земе група уметници со себе на патување околу Месечината во 2020-тата. Уметниците од целиот свет, собрани од различни делови на светот, се очекува да создадат нешто инспирирано од летот по нивното враќање. Досега не е објавено колку Јапонецот платил за тоа во форма на помош за развој на проектот Starship.

Од основањето на SpaceX во 2002 година, Маск постојано повторуваше дека неговата главна цел е да му овозможи на човештвото да стане вид што ќе живее на повеќе планети.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top