(ВИДЕО) Илон Маск предупредува дека вештачката интелигенција е поопасна од нуклеарното оружје

Илон Маск е решен да го унапреди светот со помош на технологија без оглед на сѐ..

Тој е решен да го истражи Сончевиот систем и да испрати луѓе на Марс, а при крај е и со изградбата на огромна соларна батерија која напојува голем дел од Австралија кој претходно се мачеше со снабдување со струја.

Сепак, постои едно нешто во кое тој самиот не сака да инвестира, како и голем број други технолошки лидери, а тоа е вештачката интелигенција.

Тој отсекогаш имал негативен став кон вештачката интелигенција, смета дека е поопасна од нуклеарното оружје, а сега изнесе уште едно мислење на таа тема.

Маск се појавува во новиот документарец на Крис Пејнс „Дали му верувате на овој компјутер?“ (Do You Trust This Computer?) во кој се истражуваат потенцијалните ризици кои вештачката интелигенција би можела да ги донесе во светот.

Маск инсистира дека секој вид вештачка интелигенција која би ја создала некоја влада автоматски би станал „бесмртен диктатор од кој никогаш нема да можете да избегате“.

„Тоа е многу важна тема. Ќе влијае врз нашите животи на начини кои во моментов не можеме да ги замислиме“, смета Маск.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top