(ВИДЕО) Илузија на моментот со нервозниот Бруно Фернандеш - гасам камери и тргнувам кон Манчестер!

Многу интересен натпревар гледавме вечерва помеѓу Брага и Спортинг Лисабон во плејофот од полуфиналето во тамошниот Лига Куп..

Брага победи со 2:1, со головите на Хорта и Паулиљо, Спортинг стрелаше преку Матје, но тоа не беше доволно, истиот играч беше исклучен со црвен картон во самиот финиш од мечот во 93 минута, а претходно Јаник Боласие беше исклучен од Спортинг во 61 минута, па мораа мечот да го завршат со два играчи помалку.

Еден од играчите кои бараа објаснување од судиите, но и од жандармеријата присутна околу стадионот, беше Бруно Фернандеш, кој очигледно бараше некоја своја правда, па заминување во тунелот кон соблекувалните, нервозно ја спушти една од официјалните камери кои го следеше куп натпреварот.

За него се верува дека е блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top