(ВИДЕО) ИН ПРОДУКЦИЈА РАБОТИ СО ПОЛНА ПАРЕА, СНИМЕН СПОТ СО ИВАН РАДЕВСКИ ВО АВСТРАЛИЈА

Ин продукција во периодов бележи бројни работни ангажмани..

Екипите кои се постојано со полни раце работа бројат снимања речиси истовремено на повеќе места. Деновиве отпочнаа закажаните снимања во далечната Австралија, каде наша екипа која од неодамна е таму во рамките на големата турнеја на Наум Петрески, веќе ги реализираше првите снимања.

На неколку познати локации во Мелбурн веќе снимаше долгогодишниот соработник со ИН  телевизија Иван Радевски,македонец кој долги години живее и работи во Австралија. Песната за која се снима видео записот носи наслов “О детство мило, младост мила”.

Пред само неколку денови ИН продукција од Охрид снимаше видео запис за групата “Марифет” во  Прилеп, а во најава е и снимање на нов видео запис за нова песна од Благојче Стојаноски Туше, како и останати музички имиња. Особено за потенцирање е фактот што паралелно течат снимања како со нашите музички имиња во Македонија така и со музичрите кои се во длечната Австралија.


Извор: Естрада Плус


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top