(ВИДЕО) Инцидент во Мароко за време на посетата на папата, маж се стрчал кон автомобилите

За време на посетата на папата Франциск во Мароко, еден маж се стрчал кон автомобилилот во кој се наоѓал кралот на Мароко, Мухамед VI, но бил совладан од страна на обезбедувањето..

Како што јави „Ројтерс“, до инцидентот дошло додека кралот седел во возилото кое се движело во колоната во која бил и автомобилот на папата.

Возачот на мароканскиот крал го забрзал возилото, но немало никакви други знаци за проблеми во протоколот. „Ројтерс“ нагласи дека засега не е познато што се обидувал да направи мажот.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top