(ВИДЕО) „Интегра“ во своите први парламетнарни избори тргна со конвенција од Битола

Македонската конзервативна партија “Интегра“ денес во хотел “Епинал“ во Битола, на првиот ден од кампањата за парламентарните избори 2020 година, одржа конвенција на која беа претставени програмата и кандидатите за пратеници..

Претседателот на таа партија, Љупчо Ристовски, за време на денешната промоција, рече дека “Интегра“ ќе направи пресврт на македонската политичка сцена и нивната политичка реторика ќе влијае врз изборот на граѓаните.-Периодот на две застарени идеологии, на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ изминува, нацијата созрева во политичка смисла, нивото на политичка култура е зголемено, а нашата политичка реторика влијае и луѓето очекуваат нешто ново, луѓето бараат трета опција, а ИНТЕГРА е таа опција, насласи Ристовски.

Претседателот на ИНТЕГРА го посочи фокусот на економскиот дел од нивната изборна програма и во таа смисла најави дека посакуваат да се мултиплицира материјалното богатство во татковината преку раст на бруто домашниот производ преку трансфер на капиталните инвестиции и субвенции во посебни приватни инвестициски фондови, односно посебен македонски инвестициски фонд.На конвенција во Битола претставен носителот во петката Николче Талевски, кој како беше речено од претседателот Ристовски е министер со сенка за транспорт и врски во новата влада:

-Оваа наша кампања ја почнуваме од Битола, од врнежлив ден со еден бериќет и да им покажеме на сите кои што не веруваат дека   оваа опција заслужува да биде  таа опција која што ќе ја води Македонија  во наредните години и еднаш засекогаш да се стави крај на црно-белиот свет. Интегра ве повикува бескомпромисно, храбро, обединето кон двете зла да се обележиме едно ние Македонците.–Да се обележиме, директно, за двете зла, како нивна директна закана, бидејќи нив ги обединува организираниот криминал кој воедно и ги поседува, затоа Македонци мои, вие не сакате уцени и закани, Вие сакате нова иднина, Вие сакате нова перспектива.  Покажете со вашата одважност, желба за да ги спасите децата, сите македонски деца.  Спасете ги демократски со кругче на гласачкото ливче. Не по секоја цена да гласате за мене  или за Интегра туку да гласате да ја вратиме државата кај стопанот. Гласот за интегра е глас за Македонија е глас за тебе, рече Талевски.

По панел дискусијата во хотел “Епинал“ и интерактивна дебата со јавноста во
живо следуваше прошетка по Широк сокак и посета на Еврејски гробишта во Битола.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top