(ВИДЕО) Интервју на Страшо Ангеловски за радиото 3ZZZ од Мелбурн

Во вчерашното интервју за радиото 3ZZZ од Мелбурн, лидерот на партијата МААК, Страшо Ангеловски зборуваше за спорот за името со Грција..

Според Страшо Ангеловски Македонија во моментот е во најтешка ситуација. Доведени сме до ситуација да ја изгубиме и државата и нацијата, и да ја изгубиме иднината на нашите поколенија.

Тој смета дека ако македонците ширум светот, во Австралија, Америка и Канада, како и во Македонија замижат пред ова зло, ќе бидат соушесници на наметнато бришење на македонското постоење.

Ангеловски кажа дека во моментот најоглемото зло во Македонија е молчењето и дека македонците треба да го кренат гласот.

Во продолжение погледнете го целото интервју на Страшо Ангеловски со водителот на македонската програма на 3ZZZ, Ицо Најдовски.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top