(ВИДЕО) Интервју со Златко Кескоски за Македонската радио програма 3ZZZ во Мелбурн

Радио водителот Ицо Најдовски денеска направи интервју со Златко Кескоски поранешен шеф на обезбедувањето на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски.

Тема и повод за ова интервју беше конфликтот во Република Македонија во 2001 година.

Според Кескоски конфликтот започнал уште во 2000 година со повеќе активности на Качачки банди на различни локации во Република Македонија. 

Македонските Албанци не биле спремни ниту сакале да војуваат без претходно да имаат притисок и влијание од Косовските Албанци вели Кескоски во интервјуто. 

Тој исто така вели дека сето тоа било една агенда која што декадно се имплементира во регионот односно создавање на една територија во јавноста позната како Голема Албанија.

На прашањето од водителот Најдовски: - Дали ја загубивме војната од терористите на УЧК? - Кесковски одговара дека Македонија била воено надмоќна но имало мешање на меѓународниот фактор и по Мај месец во 2001 се случило завршување на конфликтот. 

Тој говори и за начинот на кој што се војувало односно за распоредот и дејствувањето на терористичките групи.

Вклучувањето на меѓународната заедница со медијатор не дозволувало употреба на сите расположливи оружја од страна на Македонската полиција.

И покрај тоа што Македонската полиција имала капацитет да ги уништи Качачките банди сепак била спречена од страна на меѓународниот фактор.

Целото интервју проследете го на видеото:



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top