(ВИДЕО) Иран нападна Американски воени бази во Ирак

Најмалку две воздушни бази во кои се сместени американски војници во Ирак се погодени од повеќе од десетина балистички ракети, според Министерството за одбрана на САД..

Иранската државна телевизија соопшти дека нападот е одмазда за убиството на највисокиот командант на земјата Касем Солејмани по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.

Пентагон вели дека најмалку две локации биле нападнати, во Ирбил и Ал-Асад.

Бројот на жртви не е познат.

„Ние сме свесни за извештаите за напади врз американските објекти во Ирак. Претседателот на САД, Доналд Трамп беше информиран и внимателно ја следи ситуацијата и се консултира со неговиот тим за безбедност“, рече портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам.

„Ги предупредуваме сите американски сојузници, кои ги дадоа своите бази на нивната терористичка армија, дека секоја територија што е почетна точка на агресивните дејствија против Иран ќе биде цел на напад“, се вели во соопштението што го носи државната иранска новинска агенција ИРНА.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top