(ВИДЕО) Исчезната во вселената: Леталото го нашле, нејзиното тело не

На крајот од снимката се слуша дека ја обземале емоции, најверојатно знаела дека крајот е близу, пишува The Vintage News..

Една бизарна несреќа што се случила на почетокот на вселенската трка меѓу САД и СССР до ден денес не може да се објасни.

Сите се сеќаваме на успешната мисија и на стапнувањето на човекот на Месечината на 12 април 1961 година кога Русија успешно во орбитата го прати првиот човек Јуриј Гагарин. Набрзо стигна и одговорот од САД, кои го пратија Алан Шепард.

Но Русија се подготвувала за уште еден лет. Одлучиле да го урнат рекордот на Гагарин, пишува The Vintage News.

Русите планирале да ја лансираат својата мисија пред Американците. Мисијата што ја лансирале на 16 мај 1961 година забележила 17 кругови околу Земјата. Потоа во вселената ја пратиле и првата жена.

Лансирањето поминало добро, но кога требала да влезе во атмосферата, нешто тргнало на лошо. Никој не дознал што точно се случило, но снимките од нејзините последни моменти предизвикуваат морници.

Иако снимките немаат доволно докази за автентичност, се чини дека настанале во моментот на обидот на повторно влегување во орбитата по цела една недела. До тој момент залихите на кислород се смалувале и биле скоро исцрпени.

Постои наводна снимка од нејзините последни зборови, искажани преку радиоврска.

Според снимката, очигледно враќањето на Земјата тргнало на лошо и ништо не функционирало. Ракетата горела додека се враќала, а со неа и жената космонаут, која веројатно горела жива. На крајот од снимката се слуша дека ја обземале емоции, најверојатно знаела дека крајот е близу, пишува The Vintage News.

По последните снимки завладеала тишина.

Три дена подоцна, на 26 мај 1961 година, Русите објавиле дека вселенскиот брод се вратил на Земјата.

Ракетата во целост изгорела, а телото на космонаутката не можело да се најде. За тоа никогаш не се зборувало.

Руската влада до денес одрекува дека тоа некогаш се случило.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top