(ВИДЕО) Исламски радикали со мачети и ножеви ги нападнаа Курдите во Германија

Во градовите Хамбург и Целе избувнаа судири меѓу Курди и група муслимани..

Неколку десетици лица се повредени во Северна Германија за време на протести на курдски активисти, кои бараат меѓународната заедница да се спротивстави поостро на групата Исламска држава во Сирија.

Во градовите Хамбург и Целе избувнаа судири меѓу Курди и група муслимани.

Полицијата успеала да спречи жртви и да ги смири тензиите меѓу претставници на двете групи, иако тие биле нападнати со камења и шишиња.

Демонстрантите изразиле поддршка за курдските сили, кои водат жестоки борби со џихадистите на „Исламска држава“ во сирискиот град Кобане и настојуваат меѓународната заедница поостро да и’ се спротистави на терористичката и злосторничка група.

Радикалите кои ги подржуваат исламистите од ИСИС, пак, со мачети и ножеви ги нападнаа Курдите.

Мирните протести против војната во Сирија и Ирак заврши со сериозни судири со исламистите од Хамбург. 

Полицијата во Хамбург, синоќа употреби и водени топови, палки и солзавец за да ги растера луѓето, по што успеа да спречи жртви и ги смири тензиите меѓу претставници на двете групи, иако тие биле нападнати со камења и шишиња.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top