(ВИДЕО) Италијанските научници заедно со готвачите направија рецепт за пица која штити од рак!

Имено, пицата ја нарекуваат „пица која го продолжува животот“ или „анти-тумор“ пица..

Оваа пица не содржи ни сирење ни месо, кои ги поврзуваат со болестите на срцето. „Ла пица паскалина“  содржи домати, маслинки, брокула, маслиново масло, бел лук и лута пиперка.

Состојките се здрави, и наводно го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести и рак на дигестивниот систем.

Научниците веќе подолг период ја препорачуваат така наречената „медитеранска храна“. Истражувањата покажуваат дека оваа храна помага при борбата со ракот како и со мозочните проблеми.

Најверојатно тајната се крие во ликопенот и антиоксидантот кој се наоѓа во лушпата од доматот, кој исто така има улога да дава црвена боја. Се смета дека ликопенот го инхибира растот на туморот па во одредени случаеви и го отстранува.

Погледнете и дознајте зошто медитеранската храна е здрава за вашето срце:



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top