(ВИДЕО) Избија нереди во Шведска откако екстремни десничари запалија Куран

Откао екстремно десничарски активисти синоќа запалија Куран во шведскиот град Малме, вчера во тој град се собраа над 300 демонстранти, јави Блумберг..

Демонстрантите против палењето на Куранот палеа огнови и фрлаа објекти врз полицајците од кои неколкумина се полесно повредени.

Немирите избија откако екстремни десничари во петокот попладне запалија Куран покрај мигрантскиот кварт и тој чин го снимија и го објавија на интернет.

Полицијата уапси три лица под сомнение дека поттикнувале омраза против муслиманите.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top