(ВИДЕО) Изгореа 35 брода во Алабама, има мртви

Најмалку осум лица загинаа денеска во пожар кој проголта најмалку 35 брода закотвени покрај реката Тенеси..

Шефот на противпожарната бригада, Џин Неклаус, рече дека настрадале сите осум лица што претходно се сметале за исчезнати и дека бројот на загинати може да биде поголем бидејќи не се знае колку лица биле на бродовите што потонале, јави АП.

Неклаус истакна дека седум лица што биле изложени на ледената вода или добиле изгореници се хоспитализирани.

Пожарот избувнал по полноќ, а во спасувачката акција учествувале повеќе чамци.

Вклучени биле и нуркачи што ги пребарувале потонатите бродови.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top