(ВИДЕО) Излезе десеттото момче, Илон Маск објави снимка од пештерата

Си-ен-ен и Ројтерс објавија дека е спасено и десеттото момче, наведувајќи извори од спасувачкиот тим..

Милијардерот Илон Маск на Инстаграм објави ново видео од условите во пештерата.

Тој бил учтиво одбиен кога ја донел малата подморница и им ја понудил на спасувачите.

„Иако оваа технологија е добра и софистицирана, таа не е практична за оваа мисија“, им рече на новинарите Наронгсак Осатанакорн, шеф на здружениот команден центар што ја координира операцијата.

Маск објави дека донел миниподморница, „направена од ракетни делови и наречена Див вепар по фудбалскиот тим на момчињата, кај пештерата, и дека ја оставил таму за во случај да има потреба од неа во иднина.

Нуркачите денеска трет ден влегоа во пештерата за да ги извлечат последните четири члена на тимот и нивниот тренер.

Првите осум момчиња, спасени вчера и завчера, закрепнуваат во болницата во блискиот град, Чианг Раи.


Just got back from Cave 3

A post shared by Elon Musk (@elonmusk) on


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top