ВИДЕО: Ја ишиша косата откако по две години даде гол

Како што беше најавено приходот од продадената коса ќе оди во хуманитарни цели.

Тимот на Хал Сити соопшти дека ќе ја стави на аукција косата на својот играч Том Хадлстон, кој даде гол против Фулам, по што членовите на стручниот штаб го ишишаа на среде терен.

Како што беше најавено приходот од продадената коса ќе оди во хуманитарни цели. Претходниот гол Хадлстон го постигнал уште во октомври 2011 година, по што ветил дека ќе пушта коса се додека повторно не ја затресе мрежата. Хал на свој терен го совлада Фулам со 6:0, а Хадлстон го постигна четвртиот гол.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top